Terminologia Anatomica (TA) е меѓународен стандард за терминологијата на анатомијата на човекот. Била развиена од страна на Федеративниот Комитет за Анатомска Терминологија (FCAT) и Меѓународната Федерација на Здруженијата на Анатоми (IFAA) и била објавена во 1998. Го заменила претходниот стандард, Nomina Anatomica. Terminologia Anatomica содржи терминологија за околу 7500 големи (макроскопски) човечки анатомски структури. Во април 2011, Terminologia Anatomica била објавена електронски.